top of page

ОБЛАСТИ НА РАБОТА

Employment and Labor Law

работни односи.

Адвокатската канцеларија Исаевски ја разбира важноста на работните односи и нуди сеопфатна правна поддршка на правни услгуи во оваа област, опфаќајќи ги сите аспекти на управувањето со работната сила и односите со вработените.

ИКТ и заштита на лични податоци.

Преку специјализирани правни решенија, им помогнуваме на нашите клиенти да останат чекор напред во постојано променливата област на информатичката технологија, обезбедувајќи усогласеност и стратешка предност.

ICT Law
vertical-shot-modern-office-buildings-with-big-reflective-windows-sunlight.jpg

корпоративно право.

Адвокатската канцеларија Исаевски е специјализирана во обезбедувањето на сеопфатна поддршка и застапување за клиенти во сите прашања поврзани со корпоративното право во Република Северна Македонија. Без разлика дали сте основач, содружник, акционер, менаџер или потенцијален инвеститор на друштвото, нашите услуги ги покриваат сите фази на друштвото, од влез до излез на пазарот.

договори.

Нашата експертиза ни овозможува темелно да ги разбереме барањата на секој клиент , што ни дава можност да подготвиме и прегледаме договори приспособени на специфичните потреби на клиентот.

Contracts and Negotiations
patented-brand-identity-license-product-copyright-concept.jpg

интелектуална сопственост.

Во Адвокатската Канцеларија Исаевски веруваме дека интелектуалната сопственост е од клучен аспект во новата дигитална ера, токму затоа нашите адвокате се високо квалификувани професионалци по интелектуална сопственост и законски застапници по индустриска сопственост.

решавање на спорови.

Споровите се неизбежен дел од деловното работење – но начинот на кој ќе ги решите може да ја одреди иднината на вашата компанија. Во Адвокатската Канцеларија Исаевски не нудиме само правно застапување; обезбедуваме стратешки пристап кон решавање на спорови, со цел заштита на вашите интереси, минимизирање на ризиците и обезбедување на долгорочни решенија.

Chess
Statistic calculating

наплата на долг.

Во Адвокатската канцеларија Исаевски, им помагаме на бизнисите да го наплатат она што им се должи – брзо, стратешки и со минимален ризик. Без разлика дали сте локална компанија или странски доверител кој не е запознаен со македонскиот правен систем, нашиот тим нуди практични и ефикасни решенија за наплата на побарувања, прилагодени на вашиот случај.

надомест на штета.

Животот е непредвидлив, а кога ќе настане штета – било поради несреќа, незаконито постапување или повреда на права – нашата улога е да ви помогнеме да го обезбедите надоместот што ви следува. Ги водиме клиентите низ секој чекор од процесот – од оценка на случајот, преку преговарање за правична исплата, па сè до застапување пред суд кога тоа е потребно.

право на сопственост и недвижности.

Вашиот имот е една од најважните вредности во животот. Дали станува збор за купопродажба, изнајмување или решавање на сопственички спорови, ние сме тука да ве водиме низ секој чекор, да го заштитиме вашиот имот и да обезбедиме сигурни и правно сигурни трансакции.

семејно и наследно право.

Во рамки на областа семејно и наследно право, Адвокатската канцеларија Исаевски обезбедува доверлива и сеопфатна правна поддршка при регулирање на семејни односи, старателство, брачни и вонбрачни заедници, како и постапки за наследување. Со професионален пристап и почитување на довербата на секој клиент, нудиме решенија насочени кон заштита на вашите права и интереси.

© 2024 by Law office Isaevski

bottom of page