Questions? We can help.

Find answers instantly

top of page
Statistic calculating

Наплата на долг

 

Во денешното деловно опкружување, неплатените побарувања се почести отколку што би требало – а во многу случаи не се резултат на вистински правен спор, туку на проста неподготвеност на должникот да плати. Адвокатската Канцеларија Исаевскија ја разбира фрустрацијата што ја носи наплатата на задоцнети побарувања и токму поради тоа веруваме дека поддршката која ја даваме е клучна за сигурноста на нашите клиенти.

Нашата канцеларија во Скопје нуди јасна, практична и резултатски ориентирана поддршка за домашни и странски клиенти кои се соочуваат со предизвици во наплата на побарувања во Република Северна Македонија. Веднаш по ангажманот, преземаме конкретни чекори за да ја процениме состојбата, да го идентификуваме и лоцираме должникот, и да го информираме дека доверителот сега има локален правен застапник. Често пати, само оваа мала интервенција доведува до свесност на должникот. .

Веруваме во паметна, ефикасна и транспарентна наплата. Нашата цел е да им помогнеме на клиентите да си го наплатат она што со право им припаѓа, додека воедно ги минимизираме непотребните трошоци и одложувања.

Нашите услуги вклучуваат:

  • Правни мислења и консултации во однос на наплата на долг

  • Застапување пред надлежни судови и нотари вопостапки за надомест на долг

  • Застапување пред извршители

  • Прилагодени стратегии врз основа на потребите на клиентот во постапките за наплата на долг

  • Вонсудски контакт со должникот пред започнување со постапки

  • Стечајни постапки

  • Граѓански тужби за надомест на долг

НАПЛАТА НА ДОЛГ НАДВОР ОД  МАКЕДОНИЈА

Како дел од нашата меѓународна ангажираност, Адвокатската Канцеларија Исаевски соработува со воспоставени платформи како Debitura со цел координација на прекугранични предмети и ефикасна комуникација со странски доверители.

Оваа соработка ни овозможува поефикасно да примаме и управуваме со меѓународни случаи на наплата на побарувања, особено кога станува збор за предмети што вклучуваат повеќе јурисдикции, јазични бариери или потреба од координирана комуникација помеѓу страните.

Преку ваквите мрежи, обезбедуваме секој предмет да се постапува навремено, транспарентно и во согласност со локалните законски барања и меѓународните стандарди.

Адреса

Палата Македонија

ул. Луј Пастер бр. 1/1-9

Скопје 1000

Република Северна Македонија

Телефон

+389 71 396 658

Email

Следете не и на:

  • Facebook
  • LinkedIn
  • Instagram

© 2024 by Law office Isaevski

bottom of page