
Наплата на долг
Во денешното деловно опкружување, неплатените побарувања се почести отколку што би требало – а во многу случаи не се резултат на вистински правен спор, туку на проста неподготвеност на должникот да плати. Адвокатската Канцеларија Исаевскија ја разбира фрустрацијата што ја носи наплатата на задоцнети побарувања и токму поради тоа веруваме дека поддршката која ја даваме е клучна за сигурноста на нашите клиенти.
Нашата канцеларија во Скопје нуди јасна, практична и резултатски ориентирана поддршка за домашни и странски клиенти кои се соочуваат со предизвици во наплата на побарувања во Република Северна Македонија. Веднаш по ангажманот, преземаме конкретни чекори за да ја процениме состојбата, да го идентификуваме и лоцираме должникот, и да го информираме дека доверителот сега има локален правен застапник. Често пати, само оваа мала интервенција доведува до свесност на должникот. .
Веруваме во паметна, ефикасна и транспарентна наплата. Нашата цел е да им помогнеме на клиентите да си го наплатат она што со право им припаѓа, додека воедно ги минимизираме непотребните трошоци и одложувања.
Нашите услуги вклучуваат:
-
Правни мислења и консултации во однос на наплата на долг
-
Застапување пред надлежни судови и нотари вопостапки за надомест на долг
-
Застапување пред извршители
-
Прилагодени стратегии врз основа на потребите на клиентот во постапките за наплата на долг
-
Вонсудски контакт со должникот пред започнување со постапки
Адреса
Палата Македонија
ул. Луј Пастер бр. 1/1-9
Скопје 1000
Република Северна Македонија
Телефон
+389 71 396 658

